Трие денешни натпревари од 18.коло во Првата машка кошаркарска лига завршија со победи на домашните екипи.

Во двојната програма во СЦ „Кале“, прво Работнички славеше победа во дуелот со последно пласираната Струмица, за веднаш потоа и ТФТ Моцарт да го совлада претпоследно рангираниот тим на табелата Академија ФМП.

Во мечот број три што се одигра во СЦ „Јане Сандански“, а кој беше резултатски нај неизвесен Феникс беше подобар од Кожув.

Утре ќе се одиграат уште два натпревари, во Гостивар каде гостува Куманово, односно во Битола, кладе второ рангираниот Пелистер го дочекува кавадаречки Фени Индустри.

Поради настапот на шампионот МЗТ Скопје Аеродром во АБА лигата, последниот меч од оваа рунда ќе се одигра во вторник.

ПРВА ЛИГА 18.КОЛО
САБОТА
РАБОТНИЧКИ – СТРУМИЦА 99 – 66
ТФТ – АКАДЕМИЈА ФМП 86 – 75
ФЕНИКС – КОЖУВ 83 – 79
НЕДЕЛА
ГОСТИВАР – КУМАНОВО 17.00 ч.
ПЕЛИСТЕР – ЕУРО НИКЕЛ 18.30 ч.
ВТОРНИК
ЧАИР – МЗТ СКОПЈЕ А. 18.00 ч.