Борусија Дортмунд со целосна доминација против Келн се искачи на лидерската позиција во Бундес Лигата.
Во натпревари со седум погодоци, дури шест од нив завршија во мрежата на Келн.
Борусија со брза два гола, најпрвин во 15. минута по одличната акција стрелаше Гереро, за да само две минути подоцна во 17.минута Хелер со одлична завршница донесе предност од 2-0. Борусија продолжи во ист ритам до крајот на полувремето, а капитенот Ројс со одличен удар во 32. минута зголеми на 3-0. До крајот на првото полувреме следуваше уште еден погодок во мрежата на Келен и тоа преку младиот Мален во 36-тата минута.
За намалување на негативата и почесен погодок се погрижи Селке во 42-та минута за 4-1, резултат со кој се отиде на пауза.
Второто полувреме повторно беше во знакот на Борусија која беше немилосрдна. Па така во 69-тата минута Хелер повторно се запиша на листата стрелци, а само 60 секунди подоцна и Марко Ројс по втор пат ја затресе противничката мрежа за висока предност од 6-1.
Високата победа на Дортмунд од 6-1 ги врати на првата позиција во Бундес Лигата со 53 бодови, но еден меч повеќе од вечниот ривал Баерн Минхен кој има 52 бода и ќе игра утре важен натпревар против Баер Леверкузен.