Севиља и покрај минималниот пораз од Фенербахче помина во четвртфиналето од Европа Лигата

Во Истанбул се одигра реванш натпреварот од осминафиналната рунда, кој Фенербахче го доби со 1-0 што не беше доволно за турскиот гигант да помине во следната фаза.

Единствениот гол за турскиот тим го постигна Енер Валенсија во 41.минута кога реализираше удар од ,,белата точка”.

Севиља пристигна во Турција со позитива од два гола по претходниот натпревар одигран во Шпанија, па иако загуби, денеска со вкупни 2-1 шпанскиот е четвртфиналето од Европа Лигата.

Андалузискиот тим кој е најтрофеен во ова натпреварување, секогаш кога бил дел од осумте најдобри, на крајот успевал и да го осои трофејот во ова натпреварување.