Женската македонска кошарка е сигурно не е застапена во медиумскиот простор на ниво како останатите спортови, пред се оние увозните.

Можеби квалитетот си го прави своето, но една од причините секако се и резултатите, особено кога во прашање се репрезентативните настапи. И не можеме да се пофалиме со којзнае какви резултати, но тоа ни од далеку не е причина, да не одвоиме време и простор, за младите македонски кошаркарки.

За разлика од машката лига во која статистиката од текот на натпреварите може да ја следите во живо, кај дамите тоа не е случај. Статистиката се внесува дополнително, па затоа и самите извештаи од натпреварите се такви како што се низ нашите медиуми.

Ние се задржавме на последното женско дерби, меѓу Бадел и Вардар.

Кога ќе ги погледнете бројките на записникот, веднаш ќе воочите две имиња. Ања Начевска и Јована Димковска.

Станува збор да две исклучително млади кошаркарки кои со својот труд, залагаше и веќе може да речеме квалитет се издвојуваат.

На споменатиот натпревар, кој патем го доби Бадел со 76-68,

Кошаркарката на Бадел, Јована Димковска која е родена 2006 година, средбата ја заврши со 24 поени и 5 скокови притоа постигнувајќи 3 тројки од 4 обиди, што е фантастичен процент на реализација.

На спротивната страна, шутерско „шоу“ имаше година помладата Ања Начевска (родена 2007 г.) која постигна повеќе од една третина од поените на Вадрар. Ања на 28-те поени придодаде 8 скокови, а реализира 5 тројки од 7-те обиди.

Јована која пред две години беше дел од кадетската селекција до 16 години, најверојатно летово ќе биде дел од јуниорската репрезентација (до 18 години), а помладата Ања веќе може да се пофали и со настап во сениорската репрезентација.

Имено Ања го имаше своето деби за најдобрата македонска селекција на Македонија, на неодамнешниот натпревар против Белгија во квалификациите за Европското првенство.

Овие два македонски кошаркарски „бисери“ заслужуваат и многу поголемо внимание од целокупната јавност, а пред се од оние кои треба да се грижат за македонскиот спорт.

Не е дека Македонија нема спортски таленти, туку, како се грижиме за нив и колку внимание и мотив им даваме за да се развиваат правилно и да не претставуваат нас како нација.

За Јована и Ања sport+ logo допрва ќе пишува.

ФОТО КФСМ