Шампионот на Англија Манчестер Сити на најдобар можен начин ја потврди фаворитската улога во осминафиналето од ЛШ против бундеслигашот Лајпциг откако вечерва на „Етихад“ славеше убедлива победа со 7:0 (3:0).
Со вкупен резултат 8:1 „граѓаните“ изборија пласман во ТОП 8 заедно со: Челзи, Бенфика, Баерн, Милан и Интер, додека другите две екипи ќе бидат познати по утрешните дуели.
Серијата голови ја почна во 22.минута за 1:0, а две минути подоцна вторпат ја тресеше мрежата на Лајпциг. До крајот на првиот дел постигна уште ден гол откако по ударот на Рубен Диаз топката беше на гол линија, а Халанд ја смести во мрежата 45+2 минута.
На 4:0 зголеми капитенот Гундоган во 49.та минута, а Халанд гол-шоуто го продолжи со головите во 54.та и 57.та минута.
Менаџерот на „граѓаните“ во 63.та минута од игра го повлече Халанд.
Точка на одличната партија на Манчестер Сити стави Кевин Де Бриун со голот во 90+2 минута.