Навивачите на Ајнтрахт Франкфурт повторно добија забрана за присуство на реванш натпреварот на нивниот тим во Лигата на шампионите со Наполи.

Италијанската новинска агенција АГИ објави дека градскиот префект Клаудио Паломба потпишал нова наредба со која на жителите на градот Франкфурт им се забранува да купуваат билети за реваншот од осминафиналето, а со образложение „за заштита на јавната безбедност“.

Оваа одлука следува откако во петокот, ваква забрана беше воведена од страна на италијанското Министерство за внатрешни работи, по што истата беше отповикана во саботата, сега тоа го прави локалната власт.

Инаку, Министерството ја воведе оваа забраната по насилството на првиот натпревар во Франкфурт, во кој беа приведени девет лица.

Инаку УЕФА го казни германскиот тим, за користење на пиротехнички средства на првиот натпревар.

Наполи, минатиот месец победи на првиот натпревар во Франкфурт со 2-0, а реваншот на програмата е во среда од 21 часот.