Ракометарките на Вардар забележаа лесна и убедлива победа против Сани 14 во првото коло од пролетниот дел во женската младинска лига.

Екипата на Вардар во 7-та минута поведе со 4 разлика (8:4), до крајот на полувремето успеа да ја големи разлика па на одмор црвено-црните заминаа со предност од 19:12.

Продолжението донесе уште поквалитетна игра на Вардар, кој се одлепи на предност од девет гола во почетните минути, со што го најави убедливиот триумф. До крајот на мечот ракометарките на Сани не успеаја да се вратат во дуелот, напротив и забележаа нов пораз, а вадарки славеа со убедливи 22 гола разлика 43:21.

Најефикасна во екипата на Вардар беше Бојана Радевска со десет гола, додека кај гостинките најефикасна беше Сања Јовеска со седум гола.

Вардар во моментов се наоѓа на првото место во група А со 9 бода, а веднаш зад нив на втората позиција е наоѓа Стружанка со 6 бода.

Ивона Кимовска