Скопскиот одбојкарски клуб Фит Фан волеј го одбележува својот 15-ти роденден. 

Екипата што се натпреварува во Првата женска лига има амбиции да прерасне во еден од најконкурентните тимови, а тоа веќе го потврдува сезонава во која настапува во конкуренција на ТОП 4-те тима. 

Повод роденденот, клубот направи интересен видео спот со кој ги промовира своите млади одбојкарки, потег кој секако вреди да се поздрави и одбележи. Им посакуваме уште многу родендени и успешни настапи. 

Првиот ќе го имаат веќе денеска од 17 часот кога ќе го одиграат мечот со лидерот на табелата и актуелен шампион Работнички Скопје.

Во вториот натпревар од 4.коло на втората фаза-1 конкуренција ќе играат Наковски волеј и Јанта волеј во терминот од 18 часот. 

Табела: Работнички Скопје 14-3, Јанта волеј КВ 14-3, Наковски волеј 13-4, Фит фан волеј 7-10.