Првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на Европа меѓу Спортинг и Арсенал донесе интересен фудбал, меч на кој беа постигнати четири гола, двата тима беа во водство, а на крајот заврши без победник 2-2.

На натпреварот одигран на стадионот „Хосе Алварес“ во Лисабон, двата гола во првото полувреме паднаа на идентичен начин, по изведените корнери од левата страна.

Прво, гостите поведоа со погодокот на Французинот, Вилиам Салиба во 22-та минута.

Но, нивната радост не траеше долго. Во 34-тата минута по нафрлувањето на Едвардс најснаодлив во шеснаесетникот на Арсенал беше Гонсало Инацио го израмни резултатот на 1-1.

Во вториот дел. Домашниот тим дојде и до водство од 2-1 преку Паулињо во 55-та минута.

Но, и нивното водство не траеше долго. Само седум минути подоцна Мората си постигна автогол за израмнување на 2-2, што се покажа и како конечен епилог на оваа средба.

Реваншот во Лондон ќе се игра следниот четврток на 16 март.