Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски ја „плати цената“ во големата борба за продолжување на сезоната.
Андреј кој со својот Универзитет Вашингтон Стејт настапува на турнирот во Лас Вегас каде се играат натпреварите од ПАЦ-12 дивизијата во НЦАА лигата, претрпе вистински нок-даун, по што остана со еден заб помалку.
Во дуел под којот Јакимовски доби удар со лакт од противничкиот играч, па на паркетот заврши неговиот заб.
По натпреварот во кој Вашингтон го победи Универзитетот Калифорнија, совладувајќи со 69-52, силното кривопаланечко момче во интервјуто изјави, запрашано за инцидентот во смеа изјави
„Само го загубив забот. Но, нема проблем правам и поднесувам се само тимот да победи.
Само почувствував нешто, но не сфатив дека го загубив забот“.
Јакимовски средбата ја заврши со 10 поени и 4 скока, а „Кугарси“ минаа во следната рунда, во која за противник вечерва (23:30 часот) ќе ја имаат екипата на Орегон „Дакс“.