Екс-ју дербито во НБА лигата меѓу Никола Вичевиќ и Никола Јокиќ му припадна на црногорскиот кошаркар, кој поединечно но и тимски беше подобар од Србинот и неговата екипа.

Дуело во Девер каде гостуваше Чикаго го добија Булси со 117-96. Двајцата кошаркари имаа даб-дабл ефект. Победникот Вучевиќ средбата ја заврши со 25 поени и 15 скокови, додека Јокиќ беше најдобар во поразената екипа со 18 поени, 12 скокови и 8 асистенции.

Сепак Црногорецот имаше поддршка од Зек Лавин кој беше најефикасен на мечот со 29 поени, па Булси заслужено се радуваа на 30-тата победа која ги остава во трка за позициите што носат пласман во плејофот.

Пред Чикаго со една победа повеќе е Вашингтон, кој во нај неизвесниот натпревар одигран ноќеска загуби пред своите симпатизери од Атланта со 122-120, па 43-те поени на Летонецот, Порзингис, како и дабл-дабл учинокот на Кајл Кузма со 25 поени и 10 скокови останаа залудни.

Девин Букес со 44 поени беше најефикасниот кошаркар на вечерта и тоа во убедливата победа на Феникс против Оклахома со 131-101.

Њу Орлеанс најде „лек“ за Лука Дончиќ и го „запре“ Словенецот на 15 поени, па Далас загуби на гостувањето кај „Пеликаните“ со 106-113.