Кошаркарите на Кожув испуштија шанса за продолжение на вечерашниот дуел со Еуро Никел од 16.коло од Првата лига откако во последниот напад Ризвиќ не реализираше (шутираше за два поена) и така гостите од Кавадарци остварија минимална победа од 77:75. Со овој триумф кавадарчани ги зголемија шансите да завршат во ТОП 4, додека гевгеличани остануваат да се борат за место во првите осум.
По изедначената прва четвртина 16:16, домашниот тим ги доби следните две со два разлика 18:16 и 21:19, но гостите од Кавадарци беа подобри во последниот период кои заврши во нивна корист со 26:20 што беше решавачко.
Гордон од тимот на Кожув со 22 поена беше најефикасен, додека решвачки за победата на Еуро Никел беше тоа што четири играчи од стратните пет постигнаа двоцифрен број поени: Балмазовиќ 19, Планиниќ 16, Соколов 15, Гавриловиќ 11.
На вториот натпревар одигран вечерва Гостивар – ФМП 87:79.
На вчера одиграните дуели беа постигнати следниве резултати: ТФТ – Работнички 92:89 (по продолжение), Пелистер – Куманово 104:70 и Феникс – Чаир 75:67.
Во понеделник играат Струмица – МЗТ Скопје Аеродром.
Табела: Пелистер 29 бодови, МЗТ Скопје А. 28 (натпревар помалку), ТФТ Моцарт БЕТ 27, Феникс 26, Еуро Никел 26, Гостивар 26, Работнички 24, Кожув 23, Куманово 20, Чаир 19, ФМП Академија 19, Струмица 17.