Тимот предводен од Чоло Симеоне игра се подобар фудбал, а делува дека конечно коцките се наместија па главните ѕвезди на тимот почнаа да погодуваат. Кога играчи како Депај, Гризман и Мората ќе проработат тогаш е тешко да се одбраните, а Севиља го осети тоа на своја кожа, откако прими дури шест погодоци.
Голеадата на Атлетико ја започна Мемфис Депај во 23-тата минута, а само три минути подоцна исиот играч повторно се запша во листата стрелци за предност од 2-0.
Севиља полека се совзема од двата брзи погодоци па преку Ен Несури во 39-тата минута успеа да намали на 2-1.
Сепак во второто полувреме возот тргна низ брдо за гостите, па примија дури четири погодоци.
Антоан Гризман на асистенција на Коке во 53-тата минута зголеми на 3-1, а Караско во 69-тата погоди за 4-1.
Резервистот на Симеоне, Алваро Мората кој влезе во игра во 64-тата минута на местото на двојниот стрелец Депај, успеа да го изедначи учинокот на Холанѓанецот, постигнувајќи два гола во 76-тата за 5-1 и во 92-та минута за конечни 6-1.
Претходно, Хрватот, Иван Ракетиќ промаши пенал во 74-тата минута за намалување на негативата на 4-2.
Со оваа победа Ателетико се проби на третата позиција со 45 бода, еден повеќе во однос на Сосиедад.