Ракометот загуби уште еден голем човек. Голем работник, човек кој 24 часа беше посветен на ракометот. Денеска ненадејно почина Филип Христов.
Ракометот остана без Христов, кој околу 30 години беше дел од тимот на Металург, едноставно беше „алфа и омега“ на тимот од Автокоманда, особено во деновите на најголемите успеси на овој колектив. Воедно покрај машкиот дел од Металург, раководеше и со женскиот тим на Металург.
Последниот ангажман Христов го имаше во Ракометната федерација на Македонија.
Нека почива во мир.