Две македонски ракометни репрезентации ова лето ќе бидат дел од Европските првенства, но и двете добија силни противнички.
На Европското првенство што се игра во Романија за ракометарки до 19 години Македонија во Д групата за противнички ќе ги има репрезентациите на Данска, Црна Гора и Чешка.
Шампионатот се игра во градовите Питешти и Миовени во периодот од 6 до 16.јули.
Нешто посилни ривалки ќе имаа репрезентативките на Македонија до 17 години од причина со противничките имаат забележителни резултати и во младинските категории.
Македонија е исто така во Д групата со селекциите на Унгарија, Франција и Романија. Првенството ќе се игра од 3 до 13.август во Подгорица.