ПОЧЕТОК ВО 14 ЧАСОТ

Време е за фудбал и кај нас. По повеќе од два месеци пауза продолжуваат натпреварите во Првата македонска фудбалска лига.

На самиот стар и два дерби дуели.

Во Кичево каде ќе се судрат второ и трето пласираните екипи на табелата, актуелниот шампион Шкупи ја пречекува тетовска Шкендија.

Лидерот на табелата Струга Трим Љум гостува во Кавадарци, а Тиквеш кој е на 4-тто место на табелата.

Интересно се очекува да биде и во Ѓорче Петров каде на гости кај Македонија доаѓа Академија Пандев.

Брегалница која е во горниот дел на табелата односно на шестата позиција, зад Силекс кој е слободен во ова коло, во Штип ќе го пречека составот на Скопје, додека последниот меч од ова 19-то коло ќе се игра во Прилеп каде Работнички и гостува на Победа.

Во продолжението на сезоната треба да се одиграат вкупно 15 кола, последното на 14 мај, по што и официјално ќе биде промовиран шампионот за сезоната 2022/2023.

Натпреварите може да ги следите ВО ЖИВО ОВДЕ

ТАБЕЛА

1ФК СТРУГА-ТРИМ-ЛУМ37
2ФК ШКУПИ- 192734
3ФК ШКЕНДИЈА28
4ГФК Тиквеш 1930 АД Кавадарци26
5ФК СИЛЕКС26
6ФК БРЕГАЛНИЦА 200821
7ФК МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 193220
8ФК РАБОТНИЧКИ18
9ФК ПОБЕДА13
10ФК АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ12
11ФК СКОПЈЕ11