НАТПРЕВАРИТЕ СЕ ИГРААТ СО ПОЧЕТОК ВО 14:00 часот
Паузата од два месеци е готова и денеска почнуваат возбудувањата од пролетниот дел во Првата Македонска Фудбалска Лига.
Дерби на колото се игра во Кичево, каде ќе се сретнат Шкупи и Шкендија. Токму на последната нивна пресметка беше и масовната тепачка, поради која Шкупи беше казнет и теренот во Чаир беше санкциониран, па затоа натпреварите како домаќин ќе ги игра во Кичево.
Лидерот на табелата Струга ТЉ патува на незгодно гостување кај Тиквеш во Кавадарци.
,,Фенерџиите” на табелата, Скопје и Академија Пандев, пролетниот дел го почнуваат на гостински терен против Брегалница, односно Макекедонија ЃП.
ШКУПИ – ШКЕНДИЈА
БРЕГАЛНИЦА – СКОПЈЕ
МАКЕДОНИЈА ЃП – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ
ТИКВЕШ – СТРУГА ТЉ