Втората вечер на НБА ол-стар викендов во Солт Лејк, покрај нај атрактивното натпреварување, она во забивања, донесе уште две супер интересни натпреварувања.

Во штирање тројки признанието го освои Демиен Лилард првата ѕвезда на Портланд „Треилблејзерс“.

Иако кошаркарот на Индијана, Халибартон во првата рунда постигна рекорди 31 поен, сепак не успеа да се пласира во финалето во кое загуби Лилард за еден поен и тоа со погодената „шарена“ топка која носи два поени со резултат 26:24.

Впрочем Лилард во сите три серии имаше уфрлено по 26 поени.

Во натпреварувањето во „вештини“ на задоволство на публиката во Солт Лејк победи триото на кошаркари на Јута „Џез“, Џордан Кларксон, Вокер Кеслер и Колин Секстон кои во финалето ги беа подобри од браќата Антетокумпо.