Големо изненадување на претпоследниот ден на Светското првенство во скијање што се одржува во Франција, 

За тоа се погрижи Лоренс Сент Жермен која го освои златото во женскиот слалом. 

Канаѓанката ја изненади конкуренцијата пред се топ фаворитката Михаела Шифрин и со вкупно време 1:43.15.секунди стигна до најсјајното одличје. За 28-годишната Канаѓанка ова е прва победа во кариерата на големите натпреварувања, а досега само три пати се искачувала на највисокото место на пиедесталот и тоа на Северно-Американскиот куп. Лоренс која по првата трка заостануваше 61.стотинка зад Шифрин, на крајот имаше дури 57.стотинки подобар резултат, па Американката мораше да се задоволи со сребрениот медал. 

Бронзата и припадна на Германката, Лена Дуер која заостана вкупно 69.стотинки зад сензационалната победничка.

Инаку на денешниот женски слалом настапи и нашата 16-годишна скијачка Јана Атанасовска која за жал остана без пласман откако промаши капија (ВИДЕО ОД НАСТАПО НА ЈАНА) . 

На последниот ден на шампионатот (утре) ќе се одржи слаломот во машка конкуренција.