На претстојното Европско првенство во сала кое ќе се одржи во Истанбул, Турција од 2-5.март 2023 година, Македонија ќе биде претставувана од двајца свои атлетичари.
Кај дамите, тоа ќе биде Дрита Ислами, додека во машка конкуренција Дарио Ивановски.
Резултат кој Ивановски го оствари на митингот во сала во Будимпешта на 3.000 метри – 7:59.51 минути е највредниот на македонските атлетичари во сала што му овозможи настап на Европското првенство.