Во Бриж екипата на Бенфика со победа против домаќинот ја заврши првата средба од осминафиналната рунда во најелитното клупско натпрарување, Лигата на Шампионите.
По бројни жолти картони и гол поништен кон крајот на првото полувреме, Португалците конечно ја затресоа мрежата на Симона Мињоле од пенал во 51 минута што го реализира Жоао Марио.
По голот следеше доминација на Бенфика со голем број шанси за на крај Нерес во 88-та минута да го затвори натпреварот за конечни 0-2 за Бенфика.
Реванш натпреварот во Бенфика ќе се игра на 7 март, а португалскиот тим ќе влезе со голема предност и реални шанси да мине во најдобрите осум.