БАЕРН – ПСЖ и ТОТЕНХЕМ – МИЛАН
Вечерва стартува нокаут фазата во најелитното клупско фудбалско натпреварување Лигата на Шампионите.
По три месеци пауза од последниот натпревар во групите фази, вечерва продолжуваат возбудувањата. 16 екипи, 8 двомеча, за една цел – Кој ќе го подигне големиот трофеј?
Вечерва на програмата се два натпревари и тоа:
Баерн Минхен на домашен терен го пречекува ѕвездениот ПСЖ и ќе се обиде да се одмазди за елиминацијата во ¼ од пред две години, кога Парижаните поради повеќе голови постигнати на гостински терен се пласираа во полуфиналето.
Од вчера е познато дека ѕвездата на тимот на Париз Сен Жермен, Килјан Мбапе е речиси заздравен од повредата и ќе биде во комбинација за натпреварот.
Втората пресметка ќе се игра во Милано, каде шампионот на Италија и седумкратен освојувач на Лигата на Шампиони, Милан, ќе го пречека англискиот претставник Тотнехем.
Големо разочарување за италијанскиот стратег на клупата на Тотенхем е повредата на стандардниот играч за врска, Родриго Бентанкур, кој викендов ги скина лигаментите и за него сезоната е завршена.
Од другата страна тимот предводен од Стефано Пиоли, изминатиот викенд конечно ја прекинаа црната серија од седум натпревари без победа, па со доза на оптимизам патуваат на гостувањето во Лондон.
И двата натпревари се со почеток во 21:00 часот. Во истиот термин ден подоцна (среда) ќе се играат натпреварите, БОРУСИЈА Д. – ЧЕЛЗИ и КЛУБ БРИЖ – БЕНФИКА.
Останатите четири средби на програмата се следниот вторник и среда (21 и 22 февруари), а двојките се: (21/02) ЛИВЕРПУЛ – РЕАЛ МАДРИД и АЈНТРАХТ – НАПОЛИ, (22/02) РБ ЛАЈПЦИГ – МАНЧЕСТЕР СИТИ и ИНТЕР – ПОРТО.