Екипата на Пелистер веќе неколку сезони по ред влегува со амбиции да освои трофеј во мак-баскетот, но се чини годинава битолчани се со реални шанси за тоа.

Првата шанса ќе ја имаат во четвртфиналето во Купот на Македонија, во кое Пелистер за противник ќе го има кавадаречки Фени Индустри.

„Секоја година во Купот има изненадувања, па се надеваме дека годинава тоа изненадување ќе бидеме ние. Но, мора да одиме чекор по чекор, за да го освоиме првиот трофеј во историјата на клубот, кој желно го посакуваме, а битолчани го заслугуваат“, истакна капитенот на Пелистер, Бобан Стајиќ.


Пелистер и Еуро Никел ќе го одиграат третиот четвртфинален меч, што на програмата е во четврток од 17 часот.