Во пресрет на завршниот турнир во Купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур 2023“ што од четврток до сабота ќе се игра во СЦ „Кале“ во Скопје, денеска своите очекувања ги искажаа претставниците на осумте екипи учеснички.
Програмата ќе биде отворена во четврток точно на пладне со првиот четвртфинален меч во машка конкуренција во кој шампионот МЗТ Скопје Аеродром за противник ќе ја има екипата на Кожув.
МЗТ важи за фаворит, но Куп натпреварувањата се такви што честопати има изненадувања, смета тренерот на аеродромци Николиќ.
„Куп натпреварите се непредвидливи. Во три дена треба да се одиграат три натпревари, па честопати тој систем носи изненадувања. Очекувам интересна кошарка и натпревар со Кoжув. Но. Нашите амбиции секако се да го освоиме трофејот во купот, а потоа и шампионскиот“, вели тренерот Драган Николиќ – Гаге, тренерот на МЗТ.
И од таборот на гевгеличани се согласуваат дека купот е „посебно“ натпреварување.
Капитенот Колев, потенцира дека Кожув по подолг период повторно има шанса да се бори за трофејот и очекува неизвесен натпревар.
„МЗТ е проект кој е создаден сезонава да се натпреварува во АБА лигата, и како таков да атакува и на трофеите во мак-баскетот. Да тие се фаворити, но и ние имаме свои амбиции, а ако ја повториме играта од последните натпревари, може да се надеваме о на успех во овој меч“, истакна Александар Јончевски тренерот на Кожув.
Дуелот меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Кожув ќе се игра во терминот од 12 часот.