Слабиот старт на пролетниот дел и нерешениот натпревар од преходното коло против Војводина очигледно биле само лош ден за Црвно-Белите од Белград, па денес тимот на Црвена Звезда буквално го пониши Вождовац со резултат 0-6.
Голеадата за избраниците на Милојевиќ ја започна КАнга со гол од пенал во 15-тата минута. Само четири минути подоцна Бакари зголеми на 0-2, а веќе во 25-тата минута Катаи донесе убедливи 0-3.
Во ист ритам почнаа гостите и во вториот дел па преку Виго, во 64-тата минута по четврти пат ја затресоа мрежата на Вождовац.
Кангава во 77-та и Иваниќ во 82-та ги поставија конечните 0-6 за убедлива прва победа во вториот дел од сезоната на Звезда.