Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски со голот во 37.та минута донесе минимална победа на неговиот тим против екипата на Истра 1961 во првиот натпревар од 21.коло од Првата лига на Хрватска. Ова за Ристовски е втор гол на последните три натпревари во дресот на негоиот клуб.
Инаку, Динамо имаше шанса да поведе и пред голот на Ристовски, но Дрмиќ не реализираше пенал. Во второто полувреме Динамо постигна два гола и обата беа понишетени поради офсајд.
Динамо е прв на табелата со 49 бодови, а Хајдук е втор со 38, додека Истра е во средина на табелата 5.место со 27 бодови.