Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром на гостувањето кај Морнар во Бар, Црна Гора, попладнево ќе атакува на четвртата победа во АБА лигата.
Простор за оптимизам секако постои, особено по минатонеделната победа на Цедевита Олимпија, но за тоа тимот ќе мора да одигра на истото ново како и против словенечката екипа, вели Американецот, Кеандре Кук
„Последните две победи, по една во АБА и на домашна сцена, покажуваат дека формата на тимот оди во нагорна линија и дека полека почнуваме да играме како што се очекува од нас. Се надевам дека и во Бар ќе ја покажеме истата енергија како во победата против Цедевита Олимпија, што ќе биде основен предуслов за остварување на тоа што сите го сакаме, а тоа е уште еден триумф во низа“, вели кошаркарот на МЗТ, Кук.
Потсетување дека Американецот, најдобриот играч на аеродромци во победата над Олимпија со што го заслужи и признанието МВП на претходното 18-то коло.
Натпреварот Морнар-и МЗТ Скопје Аеродром ќе се игра попладнево од 18 часот, за жал без директен пренос на МРТ, туку снимка од 20 часот.