Супер талентираниот 15-годишен фудбалер Давид Ангелевски, денеска се приклучи на словенечкиот тим Олимпија Љубљана. Младиот Ангелевски во Словенија заминува од таборот на Пелистер, каде што настапување една година.
Давид Ангелевски е стандарден репрезентативец во младите категории на Македонија а во моментов настапува за селекцијата до 15 години.
Ангелевски игра во средниот ред, исклучетно добро техничк поткован со одличен преглед на игра, каректеристики кои ги препозна „зелено-белиот“ тим од Љубљана и го ангажираше.
Инаку Давид е продукт на школата Талент од Битола каде настапуваше се до минатата година кога се приклучи на младинските категории на Пелистер.
Разговорите помеѓу семејството на Ангелевски, Пелистер и Олимпик Љубљана ги водеше поранешниот Македонски репрезентативец, Горан Попов кој има своја агенција.