Љубителите на фудбалот ширум светот ќе може да уживаат барем уште во најмалку две меѓусебни пресметки на најголемиот шпански ривали Реал Мадрид и Барселона.
Ова откако попладнево беа извлечени двојките за полуфиналето во Купот на Шпанија.
Ждрепката беше „немилосрдна“ па ја донесе пресметката на популарното „Ел Класико“ меѓу Реал и Барса. Место во финалето ќе има само за еден тим, а кој ќе биде тоа ќе дознаеме по реванш дуелот на „Камп Ноу“. Првата средба ќе се игра во Мадрид, на 1 или 2 март, додека реваншот во Барселона ќе биде меѓу 4 и 6 април.
Реал и Барса во меѓувреме на 19 март треба да го одиграат и првенствениот мечот во Ла Лига втор сезонава, откако во првиот „Кралевите“ на домашен терен славеа со 3-1.
Со истиот резултат Барселона славеше во Супер купот на Шпанија што се одигра во Ријад.
Инаку вториот полуфинален пар во „Копа дел Реј“ го сочинуваат Осасуна и Атлетик Билбао.
Финалето на шпанскиот куп ќе се игра во Севиља во мај месец.