По многуте турбуленции изминатиот период и проблемите со кои се соочија играчите на Вардар, поради кои стартот на подготовките повеќе пати беше одложуван, денес конечно се собраа и означија старт на подготовките за вториот дел од сезoнaта.
Вардарци завршија на второто место веднаш зад Гостивар и важеа за едни од главните фаворити за промоција, меѓутоа финансиската ситуација во клубот наместо да се подобри, значително се влоши, па во зимскиот преоден рок неколку исклучително важни играчи во тимот на Бобан Грнчаров решија да си заминат.
Како дел од подготовките ќе бидат одиграни три подготвителни натпревари, на 4.2 против Тетекс, на 8.2 против Скопје, и на 11.2 против екипата на Работнички.
Судбината на Вардар се уште не е позната, а дали ќе има нови промени во клубот ќе дознаеме во следниот период.