Кралевите ги разочараа фановите на полниот ,,Сантијаго Бернабе” па од планираните три бода против Сосиедад, освоија само еден.
Иако Реал имаше целосна доминација на натпреварот, со огромен број на поседот и 20 шута кон противничкиот гол, сепак останаа без муниција и не го најдоа патот до противничкиот гол, за конечни, 0-0.
Ова реми оди во прилог на Барселона, кои со победата над Жирона со 0-1, сега се на плус 5 во однос на Реал а плус 8 во однос на третопласираниот Сосиедад.