Тимот на Силвио Беркускони, Монца, втор пат оваа сезона му го зема скалпот на Јувентус.
Кризата на гигантот од Торино продолжува. По поразот од Наполи, нерешениот резултат со Аталанта и казната од 15 бода, ново разочарување на навивачите на ,,Старата Дама”, откако денес Монца ги изненади на домашен терен со 0-2.
Патрик Чиурија и Дани Мота со головите во 18. односно 39-тата минута донесоа водство од 0-2 за својот тим, а истиот резултат остана непроменет до крајот на натпреварот.
Јувентус остана на 23 бода и очајното 13 место.