Германската скијачка Лена Дир не и дозволи на Американката, Михаела Шифрин одново да испише историја.

Германката победи на денешната слаломска трка во Светскиот куп во словачкиот ски-центарот Спиндлерув Млин.

До својата само втора победа во кариерата, и тоа по пауза од точно 10 години, Дир стигна со фантастичен настап во втората трка. Германката не само што го надополни заостанувањето од 85.стотинки зад најбрзата Шифрин, туку на крајот имаше и шест стотинки подобро вкупно време од Американката.

Така Шифрин ќе мора да почека барем уште 20-тина дена за да го достигне рекордот на легендарниот шведски скијач Ингемарк Стенмарк кој во кариерата оствари 86 победи во Светскиот куп една повеќе од Американката, која ќе биде и главна ѕвезда на претстојното Светско првенство.

Инаку денешната слаломска трка како трето пласирана ја заврши 19 годинашна Зринка Љутиќ од Хрватска, која најави дека на неа во иднина сериозно ќе треба да се смета.

Шифрин со денешниот пласман веќе го обезбеди малиот кристален глобус, наменет за најдобрата во слаломската дисциплина, а имајќи во предвид дека има и огромна предност во однос на второ пласираната Лара Бехрами Гут, во севкупниот Генералниот пласман, повеќе од јасно е дека Шифрин ќе го освои и големиот кристален глобус, наменет за најдобрата во сезоната.

Во Светскиот куп следува пауза, поради претстојното 47-мо Светското првенство што од 6 до 19 февруари ќе се одржува во францускиот скијачки центар Крушевел .