Младата футсал селекција на Македонија до 19 години, пропушти голема шанса да обезбеди пласман во главната фаза од квалификациите за Европското првенство.
На претквалификацискиот турнир што се одржа во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, црвено-жолтите во решавачкиот меч се поразени од Косово.
Иако во првото полувреме нашата селекција со головите на Јусуф Јосифовски и Игор Скеоаровски имаше предност од два гола, сепак на крајот гостите беа оние кои се радуваа.
Во вториот дел косовските младинци постигнаа дури четири голови, за водство од 4-2.
Надежта на нафите футсалци ја врати Јанев со голот од пенал намалувајќи на 3-4, но со својот втор гол Кабаши и голманот Бајрактари, гостите ги срушија сите надежи и славеа со 3-6.
Така Косово со три бодови го освои првото место и се пласира во главната рунда, додека Македонија заврши како трето пласирана со еден бод, освоен во дуелот со Германија (3-3) која освои два бода.