Главниот фаворит за трофејот во Мелбурн, Новак Ѓоковиќ, се пласираше во 1/8-финалето откако во три сета беше подобар од Григор Димитров (7:6, 6:3, 6:4).
Бугаринот, Григор Димитров пружи силен отпор, а пропушти и три сет топки во првиот сет.
Во продолжението од мечот, Ѓоковиќ го засили ритамот, па со сигурни 3-0 се пласираше во следната рунда и не дозволи ново изненадување на турнирот.
Енди Мареј пак, ја заврши својата епизода на овогодинешниот Австралија Опен, откако немаше сили за уште едно изненадување и беше поразен од Шпанецот, Баутиста Агут со 3-1.
Во следната рунда Ѓоковиќ за противник ќе го има домашниот тенисер, Де Минур.