Вториот дерби натпревар од 12.коло на Првата машка лига им припадна на кошаркарите на Пелистер кои го декласираа Гостивар со убедливи 30 поени разлика (117-87).
Во дуелот на екипите кои по првиот дел сезоната беа на делба на второто место на табелата, гостите беа рамноправен противник само во воведните пет минути од мечот во кои имаа предност се до 14-14, по што следуваше одлична игра на домашниот тим кој до крајот на првата четвртина создаде 11 поени предност, за на полувремето зелено-белите да заминат со +23 (65-42).
Второто полувреме беше чиста формалност па избраниците за тренерот Марјан Илиевски на крајот сосема заслужено славеа победа со убедливи 117-87.
бадијала беа и 34 поени за Гостивар на Виктор Ефремовски кој средбата ја заврши како најефикасен стрелец. Во победничката екипа Андреј Маслинко пред неколку дена го смени дресот на Гостивар со оној на Пелистер беше најефикасен со 21 поен.
Арсение Вучковиќ ка гостите (21 поен и 12 скокови), и Сеад Хаџифејсовиќ кај домаќините (18 поени и 11 скока) имаа дабл-дабл учинок.
Со оваа победа пелистерец сега имаат ефект од 9 победи и 3 пораз и сега се „сами“ 2.место на табелата со две победи помалку од лидерот МЗТ Скопје Аеродром, а една повеќе од Гостивар.
Потсетување дека вчера, МЗТ Скопје славеше над ТФТ со 91-81, додека останатите средби од ова 12-то коло ќе се играат претстојниот викенд.