Македонската тенисерка Лина Ѓорческа попладнево оствари нова победа во 2023 година. Таа на стартот од вториот фјучрс во Талин (награден фонд 40.000 долари) ја победи Британката Маја Лумсден со 2-0 во сетови (7:6 (7:1) и 6:3) во меч што траше 96 минути.
Во првиот сет до 10.гем немаше брејк, а потоа Ѓорческа успеа да направи брејк, но противничката веднаш возврати и сетот беше решен во тај брекот, кој и припадна на македонската тенисерка со 7:1. Во вториот сет Ѓорческа го доби со 6:3 во гемови.
Утре во 2.коло противничка ќе и биде Литванката Јустина Микулските.