Проблемите за Македонскиот гигант, Вардар, продолжуваат. Уште еден играч во зимскиот преоден рок го напушти клубот. Станува збор за дефанзивецот Никола Ристески, кој дресот на Вардар ќе го замени со прволигашкиот дрес на Силекс од Кратово.
Ристески е уште едно во низата засилувања за тимот кој го предводи Горазд Михајлов, откако претходно клубот ги потпиша и Халил Мухаремовиќ, Марко Ѓорѓиевски и Хамза Рамани.
Никола Ристески претходно освен во Вардар, настапуваше и за Ренова, Кит-Го, Еуромилк, Работнички и Борец.
Подолго време се зборува за влегување странски спонзори во најтрофејниот Македонски клуб, Вардар, но дали таа идеја набрзо ќе се реализира или клубот ќе остане без уште неколку играчи ќе дознаеме во наредниот период