Македонските ракометари и по втор пат се поразени на Светското првенство.
По поразот од Норвешка пред два дена (-12) денеска црвено-жолтите загубија од Холандија со 10 гола разлика (34:24).
Иако и овојпат на трибините на арената „Tauron“ во Катовице, македонските навивачи заслужија листа 10-ка, сепак тоа не вроди со плод.
Напротив. Ракометарите возвратија со 10-ка но негатива во дуелот со Холанѓаните.
Останува да се надеваме на „трета-среќа“.
Шансата за радост и на едните и на другите ќе га бараме во вторник против Аргентина.
Дел од атмосферата на денешниот меч против Холандија, пренесена од галеријата на Ракометната федерација на Македонија.