Наполи го демолираше Јувентус во воведниот натпревар од 18.коло на Серија А, кој домаќините го добија со 5-1.
Тимот на Лучано Спалети целосно ги надигра избраниците на Алегри, постигнувајќи дури пет погодоци, против најдобрата одбрана во лигата, ако се знае дека Јувентус на 17 натпревари прими само 7 гола.
Македонскиот репрезентативец, Ељиф Елмас, доби шанса на почетокот на второто полувреме и ја искористи на најдобар можен начин, со гол за 5:1, резултат кој на крај се покажа и конечен.
Со оваа победа Наполи отиде на +10 во однос на Јувентус и многу веројатно го исклучи гигантот од Торино во борбата за Скудетото. За Елмас ова беше гол број 5 оваа сезона.