Кире Маркоски, Филип Илиќ и Стефан Деспотовски се нови имиња во таборот на „романтичарите“, со кои тимот на Работнички ќе се обиде да ја подобри својата позиција на табелата и да атакува на повисок пласман од моменталната осма позиција.
Крилниот напаѓач Кире Маркоски доаѓа од редовите на Вардар, додека голманот Филип Илиќ последниот ангажман го имаше исто така меѓу „црвено-црните“.Стефан Деспотовски е млад десен бек, има само 19 години, а играше во Графичар.
Во зимскиот преоден рок тимот од Дебар Маало го напушти Методи Максимов, кој направи трансфер во Шкендија. Покрај Максимов заминаа уште и Арменд Алими и вториот голман Бојан Тимевски, како и стоперот Андреј Кировски.
Работнички денес ги запали моторите и започна подготовките за пролетниот дел од сезоната, а на првата прозивка беа и новите засилување на тимот