Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром со пораз од Цибона ја завршува 2022 година.
Аеродромци може да жалат што од гостувањето во Загреб не се вратија победници. Имаа можност за триумф, но брзоплетоста во финишот на натпреварот ги одведе во дополнителни пет минути во кои домаќините подобро се снајдоа и на крајот славеа со конечни 87-85 (75-75).
Тоа беше 11-тиот пораз на МЗТ кој останува последен на табелата.
По кратката новогодишна пауза сино-белите ги очекува нов дуел и тоа против актуелниот шампион во АБА лигата, белградска Цевена Звезда.