Со денешните квалификации на скокалницата во Оберсдорф, стартува новото издание на новогодишната турнеја во скијачки скокови „четири Новогодишни скокалници“.
Вообичаено првите два натпревари се во Германија, по утрешниот во Оберсдорф, на 1 јануари се скоковите во Гармиш-Партенкирхен, по што натпреварувачите се селат во австриските центри, Инсбрук и Бишсховен каде ќе се натпреваруваат на 4 и 6 јануари.
Минатогодишен победник на ова натпреварување е Јапонецот, Ројо Кобајаши кој впрочем триумфира на последните четири турнеи има три триумфи, исклучок 2021-та кога победи Германецот, Карл Гајгер.