Изминатата ноќ, НБА лигата понуди десет натпревари, а оној што долго ќе остане во аналите на ова натпреварување е дуелот во Далас, каде домашниот тим по продолжение славеше над Њу Јорк со 126:121.

Тоа и не е невообичаено, ако не беа 9 поени предност (112:103) на гостите во завршните 33 секунди од регуларниот дел, но и неверојатниот Лука Дончиќ кој оствари ново историско постигнување.

Најнапред Дончиќ на 4,2 секунди до крајот, погоди едно слободно фрлање, за второто да го промаши намерно. Но, Словенецот стигна до топката и со кош на секунда пред крајот израмни за продолжение (115:115).

Во него Лука постигна 7 од вкупно 60 поени со кои го заврши мечот, а на кои придодаде и 21 скок и 10 асистенции. Со ваквиот учинок тој стана првиот играч во историјата на НБА што остварил трипл-дабл и воедно го постави новиот клупски рекорд.

Од останатите натпревари ги одбележуваме ноите успеси на водечките екипи во конференциите. Водечкиот тим во Источната конференција, Бостон предводен од Џејлен Браун и Џејсон Тејтјум кои заедно искомбинираа 77 поени го победи Хјустон со 126-102.

Лидерот на западот Денвер со триумфот нагости кај Сакраменто 113-106, ја впиша шестата победа на последните седум натпревари.