Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја објави најновата ранг листа, на која и по елиминацијата во четвртфиналето на Мундијалот во Катар, и натаму прворангиран е Бразил.

Иако „Кариоките“ не се прославија на Светското првенство на кое беа елиминирани во четвртфиналето од Хрватска, сепак остануваат на лидерската позиција на најновата, водено и последна ранг листа на ФИФА за оваа година.

Затоа пак очекувано веднаш зад Бразилците сега е нивните лути ривали, Аргентинците кои ја освоија шампионската титула, додека финалистот Франција сега е на третото место.

На сметка на Аргентина и Франција, сега Белгија од второто падна на 4.место, а во „Топ 10“ следуваат: Англија, Холандија, Хрватска, Италија, Португалија и Шпанија, додека веднаш зад нив е селекцијата на Мароко која заврши како четврто пласирана на Мундијалот, што и донесе прогрес од 11 позиции.

Што се однесува до нашата репрезентација, пријателските натпревари со Финска 1-1 и поразот од Азербејџан 1-3, не променија ништо, па Македонија годината ќе ја заврши на истата 65-та позиција, на која беше и на претходното рангирање.