Македонскиот првак го претрпе и деветтиот пораз во Аба лигата. Аеродромци се совладани на гостувањето ја Задар со убедливи 98-79 во натпревар од 11.коло.
Уште од самиот почеток домаќините покажаа дека се ниво подобри од МЗТ и првиот период го добија со 13 разлика, а веќе на полувремето имаа убедливи +22 поени предност (57-35). Така второто полувреме беше само чиста формалност па Задар ма крајот славеше со убедливи 19 поени разлика.
На тренерот Александар Петровиќ не му преостана ништо друго освен спортски да признае дека противникот бил далеку подобар.
ИЗЈАВИ ПЕТРОВИЌ ПО НАТПРЕВАРОТ.
- Сакам да му честитам на Задар за победата и феноменално одиграниот меч. Не надиграа во секој сегмент на кошарката, имаа двојно повеќе скокови, имаа двојно повеќе желба да се надигруваат со нас и тотално не надиграа во сите елементи на кошарката
Миќовиќ со 22 и Војдан Стојановски со 18 поени беа единствените расположени во нападот на МЗТ за кој следне предизвик е тимот на Сплит против кој ќе играа на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ и тоа во четврток 22 декември.