Продолжуваат осминафиналните возбудувања на Светското фудбалско првенство во Катар, каде попладнево ја добивме и петата селекција која обезбеди пласман во четвртфиналето. Тоа е репрезентацијата нa Хрватска. 

Репрезентацијата на Хрватска славеше победа над Јапонија со конечни 4-2 по подоброто изведување на пенали откако по 120.минути игра резултатот беше 1:1

Првиот дел им припадна на Јапонците кои во самиот финиш однос 44.минута со голот на Маеда поведоа со 1:0.

Паузата добро им дојде на Хрватите, па по пет минути игра во вториот дел, Иван Перишиќ израмни на 1:1.

Тој редултат остана и до крајот на регуларните 90, но и по дополниртелните 30 минути, по што се пријде кон изведување на пенали. 

А, во пенал рулетот, Хрватите го имаа одличниот голман Ливаковиќ кој одбрани три удари, па со 3-1 по пеналите Хрватска се радуваше на победа и пасман во следната рунда.

Сега Хрватите ќе го чекаат исходот од вечерашниот меч во кој од 20 часот ќе играат Бразил и Јужна Кореја, по што ќе биде познат и нивниот противник во четвртфиналнето.