Со двата натпревари одиграни ноќеска во Њујорк и Сан Антонио, започна полуфиналната ринда по конференции во НБА плеј-офот.
Минесота Тимбервулвс приредија големо изненадување во Сан Антонио со победата од 104-102 на стартот од полуфиналето на Западната конференција.
Иако Виктор Вембањама постави историски плејоф рекорд со неверојатни 12 блокади, домашниот тим не успеа да го одбрани својот терен. Ентони Едвардс се врати по повредата и постигна 18 поени, додека Џулиус Рендл беше лидер кај победниците со 21 поен. Спарс не ја искористија доминацијата на Вембањама во одбраната поради неговиот лош шутерски ден и бројните промашувања за три поени.
На Истокот, Њујорк Никс ја продолжија својата побендичка серија со убедливата победа од 137-98 против Филаделфија.
Никс станаа првата екипа во историјата на лигата со три врзани плејоф победи со разлика поголема од 25 поени. Џејлен Брансон беше прв стрелец во победничката екипа со 35 поени.
Филаделфија изгледаше немоќно без доволно енергија кај Ембиид и Макси, кои го поминаа финишот на натпреварот на клупата за резерви.




































