Ракометарите на Вардар ги дели само еден бод од освојување на шампионскиот трофеј. Вардарци првата можност ќе ја имаат во дуелот со лутиот ривал и актуелен првак Еурофарм Пелистер.
Тој дуел е презакажа за 7 мај, поради обврските на вардарци во ЕХФ Европската лига и реваншот со Монпелје на 5 мај.
Од денеска се пуштени во продажба картите за македонското дерби што ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ следниот четврток во терминот од од 19 часот.
Картите се со цена од 25, 300 и 350 денари, а може да се купат онлајн на овој линк ticketx.com.mk .
Воедно од таборот на црвено-црните ги повикуваат своите навивачи, навреме да обезбедат карти и за реваншот со Монпелје. Тие се продаваат по цена од 300, 400 и 500 денари на овој линк ticketx.com.mk






























