Одбојкарките на Работнички се првите финалистки во овогодинешниот плејоф.
Скопскиот тим попладнево славеше максимална победа од 3:0 против екипата на Младост УГД.
Натпреварот во Скопје заврши со убедливи 25:16, 25:19 и 25:21 по сетови.
Домашниот состав доминираше во текот на целиот меч и потврди дека е во врвна форма. Андротеа Милевска беше најефикасна со 12 поени, додека Марија Василевска запиша 10 поени. Тамара Стојанова додаде осум поени во победата која му обезбеди на тимот петто финале во низа. Работнички сега ќе се обиде да ја врати титулата во своите витрини по едногодишна пауза.
Со овој триумф ланскиот финалист ја затвори полуфиналната серија со вкупно 2-0 во победи.
Противникот во големото финале ќе биде познат по одигрувањето на вториот полуфинален реванш натпревар. Вечерва во Скопје силите ќе ги одмерат екипите на Јанта Волеј и Наковски волеј.
Струмичкиот состав има предност од 3:1 по првиот меѓусебен дуел во оваа серија. Овој натпревар започнува во 20:30 часот во салата „Невена Георгиева Дуња“.



























